Утре на градскиот плоштад ќе се одржи хепенинг „Приказна за моето училиште“

По повод завршување на учебната година, ОУ „Св. Климент Охридски “ – Охрид утре, на градскиот плоштад, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи хепенинг под мото „Приказна за моето училиште“. На хепенингот ќе бидат презентирани дел од активностите, условите и можностите на ова училиште пред своите сограѓани.

Се покануваат граѓаните на Охрид, со своите најмлади, да поминат пријатни мигови на градскиот плоштад во другарување, низ детската игра и песна со учениците од „Св. Климент“.