НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга ќе го одбележи Меѓународниот Ден на Музеите

И оваа година НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот Ден на Музеите заедно со други музеи во светот во организација на ИКОМ/ICOM http://museu.ms/event/details/120528/international-museum-day.

Овогодинешната тема е – Музеите и спорните истории: Кажувајќи го неописливото во музеите.

„Нашиот музеј со овогодинешната програма за Меѓународниот Ден на Музеите става акцент на отвореноста на музејот кон широката јавност. Како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Во програмата за одбележување на 17 мај се две изложби од едукативните работилници кои ги работеа нашите кустоси, а децата учесници ќе имаат можност своите дела да ги постават во музејските простории, на тој начин директно презентирајќи ги своите видувања за богатото природно и културно наследство. На 18 ти музејот ќе ги презентира и новите промотивни материјали и веб страна. На советувањето кое на 19 ти во Скопје го организира ИКОМ – Македонија по повод Меѓународниот Ден на Музеите, нашиот музеј ќе биде презентиран со темата „Музеј во Музеј“ а се однесува на уникатната природно-научна поставка на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга. Од неодамна препараторските работи во рамки на биолошкото одделение се вршат во ново-адаптирани простории во административната зграда на музејот. По вторпат оваа година на 18 ти мај – Меѓународниот Ден на Музеите влезот за сите музејски поставки е слободен.“ – велат НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга.

Проектите кои се дел од програмата се реализирани со помош на Министерство за култура на Република Македонија.

НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот Ден на Музеите со следната ПРОГРАМА:

– 17 МАЈ 18:00 ЧАСОТ – Спомен соба Никола Незлобински/Административна зграда – ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА дел од едукативната работилницата „Културно наследство од Струга и Струшко“

– 17 МАЈ 19:00 ЧАСОТ – Природно-научен Музеј – ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА од едукативната работилница „Рибите во Охридското Езеро“

– 18 МАЈ 20:00 ЧАСОТ – СПОМЕН ДОМ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВИТЕ ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА МУЗЕЈОТ И ПРОМОЦИЈА НА НОВАТА ВЕБ СТРАНА НА МУЗЕЈОТ.