Дечињата од градинките „Лихнида и „Развигорче“ во посета на ОУ „Христо Узунов“

Поголемата група на деца од градинките „Лихнида“ и „Развигорче“, кои идната година ќе бидат првачиња, денес беа во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид.

„Целта е идните првачиња да се прилагодат на условите на училиштето. Тие се запознаа со воспитно – образовниот процес, посетија училници од одделенска настава, спортската сала, училишната библиотека, училишната кујна, директорската канцеларија, како и спортските терени околу училштето, се со цел подобро да се запознаат со новата средина.“ – информираат од училиштето. 

Посетата беше организирана во соработка со директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски и директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска.