СДСМ работи на активно учество на жените во политиката

Започна првиот семинар од третата генерација на Школата за женски активизам на којашто се обратија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и координаторката на Форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.

Генералниот секретар во своето обраќање го поздрави учеството на избраните учеснички, нагласувајки ја важноста за учеството во школата за женски активизам што придонесува за поголемо вклучување на жени во политиката.

Школата за женски активизам е образовен проект што претставува академски курс и тренинг за развивање и воспоставување стандарди за родова еднаквост, организиран од Форум на жени на СДСМ во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Со овој проект СДСМ ја потврдува определбата за активно учество на жените во политиката.
По изминати две успешни генерации, оваа година интересот за учество во трета генерација порасна на над 100 апликации од кои се избрани 24 учеснички.

Првиот дводневен семинар и оваа година се одржува во хотел “Дрим” во Струга.