Жител од струшко Џепин починал додека собирал дрва

Вчера околу 12.00 часот во с.Корошишта, струшко, на м.в. „Лак“, Р.К. (56) од с.Џепин, струшко, додека собирал дрва бил притиснат од едно дрво по што починал на местото.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.