Меѓународен ден на биодиверзитетот

Генералното собрание на Обединетите нации, по резолуцијата 55/201 од 20 декември 2000 година, го прогласи 22-ри мај како Меѓународен ден на биодиверзитетот, односно на биолошката разновидност, со цел да се зголеми разбирањето и свеста за прашањата поврзани со биодиверзитетот.

Биодиверзитетот е основа за живот и за основните услови кои ги обезбедуваат екосистемите. Тој ја поддржува егзистенцијата на луѓето и одржливиот развој во сите области, вклучително и економските сектори како што се земјоделството, шумарството, рибарството и туризмот. Со спречување на уништувањето на биолошката разновидност, ние инвестираме во луѓето, нивните животи и нивната благосостојба.

Оваа година, темата за одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот е „Биодиверзитетот и одржливиот туризам“, која претставува можност за да се подигне свеста за значајниот придонес на одржливиот туризам кон економскиот раст и кон зачувувањето на биолошката разновидност.

WebOhrid