Селекторот Ангеловски го објави списокот за Шпанија

Македонската А репрезентација на 11 јуни против Шпанија во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Пет дена претходно, на 5 јуни нашиот најдобар национален тим ќе одигра пријателски натпревар со Турција исто така на домашен терен. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот од 6 коло во Г групата од мундијалските квалификации и контролниот дуел со Турција. Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со Шпанија се повикани 22 играчи. За прв пат во А репрезентацијата на Македонија ќе бидат Ељив Елмас, Јани Атанасов и Амел Рустемоски.

Список на фудбалери за натпреварот против Шпанија:

Голмани: Столе Димитриевски, Филип Гачевски, Давид Митов Нилсон;

Одбрана: Стефан Ристовски, Даниел Мојсов, Ванче Шиков, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски;

Среден ред: Стефан Спировски, Остоја Стјепановиќ, Душко Трајчевски, Ферхан Хасани, Езџан Алиоски, Ељиф Елмас, Дарко Чурлинов, Јани Атанасов;

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Иван Тричковски, Александар Трајковски, Бесарт Ибраими, Амел Рустемоски.