Македонија ќе игра пријателски натпревар против Турција на 5 јуни во Скопје

Македонската А репрезентација на 5 јуни ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Турција на Националната арена во Скопје.

Против селекцијата на Турција имаме одиграно седум натпревари со биланс од една победа, реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година двапати загубивме на контролни пресметки со 0:2 и 1:2, а во квалификацискиот циклус за СП 2002 година на „Градски“ загубивме со 1:2, а на гостински терен одигравме 3:3 (Артим Шакири, Игор Саша Николовски и Жарко Серафимовски).

Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2004 во Португалија повторно бевме во група со Турција и двапати загубивме. Во Скопје 1:2 (Влатко Гроздановски) за гостите, а потоа во Истанбул славеа со 3:2 (Влатко Гроздановски и Артим Шакири).

Единствената победа ја забележавме во 2006 година на пријателски меч во Германија на кој славевме со 1:0 со голот на Горан Мазнов.

Натпреварот на 5 јуни Македонија – Турција ќе започне во 19:45 часот.