Пуштени во употреба семафорите на пресекот на ул. „Железничка“ и „Кленоец“

На барање на граѓаните, а во рамките на програмата за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, во соработка со СВР Охрид, денеска во употреба беа пуштени семафорите на пресекот на улиците „Железничка„ и „Кленоец“.

Оваа крстосница беше позната како место каде што се случуваа голем број сообраќајни несреќи. Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици сметаат дека со поставувањето на семафорите ќе се зголеми безбедноста на одвивањето на сообраќајот.