Честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од име на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Рамазан Бајрам

„Почитуван реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, почитувани членови на Ријасетот, почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест, дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам почетокот на Рамазанските пости.

Нека деновите на светиот месец Рамазан Ви бидат исполнети со мир, благодет и радост. Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите.

Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата. Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле.

Нека светиот месец Рамазан Ви помине во лесен пост, радосни празнични денови. Радоста, милоста и добродетелството Ве следат во текот на целиот пост, целата година и за целиот Ваш живот“.