Повреден велосипедист во сообраќајка на ул.„Кленоец“ во Охрид

Вчера во 22:10 часот во Охрид на ул.„Кленоец“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Рено Меган“ со охридски регистерски таблици управувано од Б.T. (75) удрил во велосипед управуван од Б.M (61), и двајцата од Охрид.

На Б.M. медицинска помош му била укажана во ОБ Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во МЦ „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.