Голем успех на учениците од Охридската гимназија на Државните натпревари

Учениците од Охридската гимназија на државните натпревари кои се одржаа изминатите два викенди остврија голем успех.

На државниот натпревар по биологија Емилија Дуноска и Рената Павлеска ученички во I година под менторство на проф. Екатерина Бојческа освоија прва награда, а Марија Лазареска ученик во III година под менторство на проф. Весна Цветкоска освои трета награда.

На државниот натпревар за Народна техника, Филип Николоски ученик во II година освои златен медал, додека Теодора Николовска ученик во II година освои бронзен медал. Ментор и на двајцата ученици е проф. Весна Цветкоска.

На Републичките оркестарски смотри, оркестарот на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид под менторство на проф. Љупчо Аслимоски го освои второто место.