Вечерва ќе се одржи првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти

Црвен крст Охрид го организира првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини, Бреинобреин-Црвен крст Охрид.

Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.

Не пропуштајте го овој единствено интересен настан кој ќе се реализира вечерва во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 19:00 часот.