Започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид дека од денес 01. 06 ( четврток ) започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор.

Со одлуката на Советот на град Охрид од минатата година во летниот период ( јуни, јули и август ) Зона А за еден час паркирање за физички лица од 30 денари ќе се наплаќа 40 додека Зона Б од 20 денари за еден час ќе се наплаќа 30 денари.