Литургија за празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4ти јуни (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

На 5ти јуни (понеделник), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Духовден“ (втор ден) во катедралниот храм „Св.Софија“ – Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитото Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

На овој ден богослужби ќе има само во црквата Св.Софија Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.