„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Денес во рамки на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид” кој е во реализација на Општина Охрид во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец” се започна со делење на жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Железничка”, „Прилепска”, Винковачка”, „Прилепска”, „Будва” и ул. „Кленоец”.

Граѓаните кои се заинтересирани за оваа акција, и кои живеат на овие улици, можат да подигнат жардиниери со цвеќе денес и утре (6 и 7 јуни), а при себе треба да имаат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.