Нови успеси на учениците од ОУ „Христо Узунов“

На 29.04.2017 година се одржа Државен натпревар на народна техника во Прилеп. Ученичката Евгенија Стојановска од ОУ „Христо Узунов“-Охрид се закити со сребрен медал во областа фото-техника, под менторство на наставничката Вера Зороска.

На 26-27 мај 2017 во Охрид се одржа 46-ти Државен фестивал на непрофесионален филм.

ОУ „Христо Узунов“ – Охрид испрати три самостојни филмови и тоа: „Билјана платно белеше“ од ученичката Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од ученичката Христина Митреска во категоријата документарен филм и „Охрид – место на природна убавина“ од ученичката Ивана Ванкоска во категоријата едноминутен филм. Учениците беа мотивирани и потпомогнати од наставничката Вера Зороска.

Во официјалната проекција влезе филмот: „Билјана платно белеше“ (од ученичката Ивана Пројческа како автор и Евгенија Стојановска како учесник во него), со кој беше отворен фестивалот.

„Ова е уште еден доказ дека во секој од нас има по некој скриен талент, само треба волја, желба и работа да се открие и развие истиот“ – велат од училиштето.

This slideshow requires JavaScript.