Против Шпанија навивачите на јужната трибина ќе формираат мозаик со македонско знаме

На натпреварот Македонија – Шпанија на 11. јуни (недела) во 20:45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме. За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, со кревање на картоните, гледачите од блоковите 2, 3, 4 и 5 на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија.

Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.