Спортски натпревар во ОУ „Кочо Рацин“ по повод завршувањето на учебната година

Во ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, се одржа спортски настан по повод завршувањето на учебната година, но и во чест на успехот на РК „Вардар“.

Како што информираат од училиштето, по извршена анкета било одлучено дека најомилени спортски активности на основците им се фудбал, ракомет и кошарка. Беше одржан натпревар помеѓу родителите и учениците и со нив учителката. На натпреварот победија учениците со резултат 2:5.

This slideshow requires JavaScript.