Тајзи ја покажа својата „Омилена“

Драган Величковски Тајзи има нова песна и видео запис, за кој вели дека е еден од неговите најдобри досега.

„Омилена“ на Тајзи е тема која цело лето ќе ја слушаме на балканските радио станици. Песната е во летен регетон ритам, со текст на Тајзи, додека музиката ја работеа заедно со Лазар Цветковски кој го изработи и аранжманот.

Песната, заедно со видеото ќе биде промовирана на каналот на Балкатон продукцијата со која Тајзи соработува веќе една година. Од Балкатон највуваат уште неколку проекти и соработка со нивниот ексклузивец кој моментално е најбараниот артист на Балканот- Раста.

Видеото за „Омилена“ е во режија на Илија Жоговски и е снимено на неколку прекрасни локации во Македонија и Грција. Нескромно момците кои работеа на спотот велат дека ова е еден од најдобрите проекти на Тајзи досега.

Во спотот се појавуваат повеќе од 50 статисти, модели, жонглери, скејтери, спортисти, а како главен лик се појавува преубавата Марис Џолин. Судејќи по сликите, хемијата и блискоста која ја имаат со Тајзи, тешко е човек да каже дали пејачот глуми, или навистина Марис му е омилена.