Завршува учебната година, учениците на распуст

За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од учебната 2016/2017 година.

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни.

Матурантите, пак, утре (10 јуни) ќе полагаат тест по странски јазик. За англиски се пријавени најголем број кандидати (15.201), за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.