Министерот Дураку оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние. На средбата се разменија информации за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина и се разговараше за можните правци на продлабочување на истата.

Министерот Дураку изрази надеж дека добрата соработка ќе продолжи и во наредниот период.