Во тек е пријавувањето за Вториот спортско-едукативен летен камп Охрид 2017

Останува помалку од еден месец до почетокот на Вториот Спортско едукативен летен камп Охрид 2017. Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 – 16 јули со локација како и минатата година – Хотел Десарет.

Бројот на учесници е ограничен така што Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги повикува сите заинтересирани (деца од 8 – 14 години) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење, едукација, спорт и забава кое ќе го паметат целиот свој живот.

Оваа година како дел од програмата за волонтирање на Универзитетот Роехемптон од Лондон на Летниот камп ќе волонтираат три студенти кои ќе ја збогатат програмата на самиот камп како и ќе придонесат децата учесници да го прошират своето знаење од англискиот јазик.

За повеќе информации, заинтересираните може да се обратат на бројот 078/440-139 или преку facebook страната Спортски летен камп Охрид 2017.