Министерката Дескоска се сретна со заменик амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан

Министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на Швајцарија Стефан Томаџан и претставници на Хелветас организацијата.

Министерката Дескоска и заменик амбасадорот Томаџан, на средбата разговараа за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, како и идните заеднички активности и подобрување на соработката во областа на образованието, со посебен акцент на претстојната помош која Македонија ќе ја добие од страна на Владата на Швајцарија во полето на средното стручно образование и обука и неговото поврзување со приватниот сектор.

За време на средбата, беше презентирана Стратегијата на Швајцарија за соработка со Македонија 2017-2020, која е фокусирана на три приоритетни области: демократско владеење, вработување и економски развој и инфраструктура и животна средина.