Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација

Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона.

Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид.

Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20 јуни во Црвен крст Охрид ќе се спроведува обука за нови спасители на отворени води, според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).