Стружанец во дворот пронашол рачна бомба

На 17.06.2017 година околу 10:30 часот во ПС Струга, В.Т. (53) од Струга пријавил дека на 15.06.2017 година во дворот од сопствената куќа пронашол една рачна бомба од непознато потекло.

В.Т. ја предал експлозивната направа во ПС Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.