На втори јули ќе се одржи 16то издание на „КанеоФест 2017“

На малиот плоштад „Крушевска Република“ (Стар чинар) на 02.07.2017 година (недела) свечено ќе биде отворено шеснаесеттото издание на фестивалот „КанеоФест“ 2017. Фестивалот кој веќе 6 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид ќе започне со почеток во 21:00 часот.

Фестивалот и годинава е поддржан од Општина Охрид.