Градоначалникот Бакрачески организира Ифтарска вечера

Градоначалникот Никола Бакрачески, за граѓаните од муслиманска вероисповест, утревечер ( 21.06.2017 г.) со почеток во 20 часот, на плоштадот Крушевска Република, организира Ифтарска вечера.

Во името на соживотот, мирољубието и човекољубието, градоначалникот Бакрачески упатува јавна покана до сите граѓани од муслиманска вероисповест да дојдат на Ифтарската вечера. На вечерата, на покана на градоначалникот Бакрачески ќе присуствува и евроамбасадорот Самуел Жбогар.