Од 6ти до 9ти јули во Охрид – Балкански фестивал на народни песни и игри 2017

Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од 6 до 9 јули 2017 година ќе го одбележи 56-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија.

Програмата е на високо ниво и е подржана од Министерството за култура, и пријателите на фестивалот.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот. Во изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.