Студиото за танц „Соната“ ја прослави 10 годишнината и најави многу новитети

Со комплетна исполнетост на салата во неделата во Охрид студиото за танц „Соната“ го одржа својот годишен концерт, со кој ја одбележа и 10 годишнината од своето постоење. Со силни аплаузи беа проследени одличните кореографии кои членовите на „Соната” ги подготвуваа изминативе 10 месеци.

Беа доделени плакети, постхумно на основачот на модерниот танц во Охрид, Коле Петкуќески и на возобновувачот на танцувањето во Охрид професорката Лијлјана Булоска.

Преку видео врска на концертот се јави и сега веќе дипломираната актерка, познатата охриѓанка, Сара Климоска која накратко раскажа за нејзиното искуство и деновите поминати во „Соната“.

По повод 10 годишнината најавија дека студиото за танц се трансформира во Младински клутурено образовен центар, место мое ќе стане збиралиште на сите млади таленти, место каде ќе можат да ги развиваат своите вештини не смо за танц, туку и за музицирање, Дј-ство, актерска игра итн.

Од „Соната“ велат дека од година во година интересот кај охриѓани за танцување е се поголем и затоа до година најавуваат два концерти за да ги задоволат апетите на оние кои, за жал, останаа без билети, бидејќи концертот речиси бил распродаден ден претходно.

Следните два месеци „Соната“ ќе ги посвети на работа со најталентираните членови кои ќе треба да го претставуват Охрид, но и Македонија на големи танцови натпревари низ Европа. Уписите за нови членови започнуваат од 25 август и ќе траат до 15 септември, односно додека не се пополнат сите слободни места.