Oхриѓанец продал автомобил, но не добил пари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Д. (29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

На 09.02.2017 година пред пекара на ул. „Момчило Јорданоски” во Охрид пријавениот се сретнал со В.Ц. (68) од Охрид и усно се договориле оштетениот да му продаде возило марка „Волво” 460 ТД со охридски регистарски ознаки за износ од 16.500 денари.

Пријавениот требал да му ги исплати парите на три рати почнувајки од март 2017 година. Во повеќе наврати оштетениот телефонски контактирал со пријавениот, но до денот на пријавување ги немал добиено паричните средства со што смета дека е измамен.