Градоначаланикот Бакрачески приреди Ифтарска вечера

Во насока на добар соживот, мирољубие и човекољубие, градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа, за припадниците на муслиманската вероисповест приреди Ифтар. Повеќе од 300 граѓани муслимани и нивни пријатели христијани, во пријатна атмосфера споделија заедничка вечера.

„Во духот на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, чуството е вдахновено, да бидете тука помеѓу своите сограѓани и гостите, кој што во масовен број дојдоа денес да ја одбележиме оваа заедничка Ифтарска вечера. Во духот на заедништвото, во духот на солидарноста, во духот на толеранцијата, мирот и спокојот меѓу луѓето, што всушност претставува и симболиката на организација на оваа вечера и еден вид на испраќање на порака до верниците од муслиманска вероисповест, меѓутоа и до сите граѓани на Охрид и Република Македонија. Особено ми е драго што оваа традиција што ние ја започнавме пред четири години, гледам дека и минатата и оваа година масовно се отсликува и во други градови“, изјави градоначалникот Бакрачески.

Гостин на синоќешната вечера беше и Евроамбасадорот, Самуел Жбогар. На крај од вечерата градоначалникот Бакрачески испрати честитка до сите верници од муслиманска верисповест, по повод празникот Рамазан Бајрам, со желби за мир и спокој во нивните домови и нивното опкружување.