Приведен стружанец кај кого била пронајдена дрога

Вчера во периодот од 12:00 до 13:30 часот, со Наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од ПС за ГН „Франгово“ извршиле претрес во домот на О.Д. (61) од Струга.

При претресот во кујната бил пронајден керамички тањир со непозната бела прашкаста материја, една пластифицирана картичка со траги од непозната бела прашкаста материја, како и едно парче од најлонско ќесе со траги од непозната прашкаста материја. О.Д. бил приведен во ПС Струга за понатамошна постапка. Пронајдените предмети ќе бидат испратени на вештачење.