ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод Меѓународниот ден на Египќаните

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка по повод 24ти јуни Меѓународниот ден на Египќаните. Во неа се вели:

„Дозволете да го честитаме денот 24ти јуни, кој преставува Меѓународен ден на Египќаните.

Имено покрај честитката сакаме да го изразиме и нашето задоволство од целосната соработка што ВМРО ДПМНЕ ја има со Египќаните и на државно и на локално ниво во Република Македонија со констатација дека токму таквата соработка е пример за меѓусебно доследно почитување.

Истрајноста која ја покажуваат Египќаните треба да биде водилка кон стремежот за било какво достигнување.

Затоа ние сме во надеж дека токму овој значаен етникум во Република Македонија ќе го трасира успехот кон нивните зацртани цели.

Во надеж на континуирана соработка уште еднаш го честитаме овој ден.“ – стои во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.