Подгответе се за тропски горештини со над 40 степени

Во Македонија во петок се очекува вистински тропски ден, времето ќе биде сончево и многу топло со дополнителен раст на високите температурите од претходните денови, а ќе дува доумерен слаб југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 километри на час

Утринските температури се движат од 13 до 22 степени, додека, пак, максималните дневни температури ќе достигнат до 30 односно до 42 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје и околината, исто така, се очекува врел ден, сончево и многу топло време. Ќе има слаб југозападен ветер. Утринската температура е од 20 степени, а максималната дневна до 40 степени, додека УВ индекс ќе изнесува 9.

Кулминацијата на овој топлотен бран се очекува во сабота кога се предвидува уште еден тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 31 до 43 степени.

Во недела претпладне претежно сончево со појава на локална облачност, попладне продор на влажна и постудена воздушна маса којашто во северните, североисточните, источните и југоисточните предели ќе услови локални врнежи од дожд и пад на дневните температури кои ќе достигнат до 25 односно до 37 степени.

Во понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и осетно опаѓање на температурите, минималните ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 15 до 27 степени.

Во вторник претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак дневни температури ќе бележат благ пораст и ќе се движат од 18 до 30 степени.

Извор: Нет Прес