Непознати лица се претставуваат како членови на Црвен крст и советуваат станари да ги напуштат домовите

Поради забележена појава на лица во станбени делови во Охрид, кои лажно се претставуваат како вработени/членови на Црвен крст и им советуваат на станарите на некои згради да ги напуштат становите, од Црвен крст Охрид укажуваат до населението во Охрид да останат разумни и присебни и да не подлегнуваат на најразлични манипулации и лаги, кои во овој случај се насочени кон стари лица, со цел да се создаде простор за кражба и оттуѓување предмети од нивниот дом.

Случајот е пријавен и во СВР Охрид.

Црвен крст Охрид има свој претставник во Кризниот штаб на Општина Охрид и е во постојана комуникација и заедничко дејствување со надлежните институциии.