Екологистот Наумоски со свое обраќање по повод секојдневните појави на земјотреси во Охридскиот регион

По повод, повеќе неделните земјотреси што се чувствуваат во сливното подрачје на Охридското езеро, и кои кај граѓаните и туристите предизвикуваат страв, вознемирување со големи загрижувачки предупредувања за судбината на граѓаните на Охрид, за градот Охрид и Охридското езеро, кои од далечната 1980 се под заштита на УНЕСКО.

За потсетување

Сливното подрачје на Охридското езеро се протега од Пресека, до Св.Наум и Буково. Охридското езеро зафаќа површина од 358 км2, со водена маса од 58 км3.

Од Охридското езеро на годишно ниво испарува вода во вид на водена пареа од преку 300 000 000 м3.

Моментално од 2015 година од Кичево за Охрид интензивно се работи на изградбата на патот, односно коридорот 8. Работата на патниот коридор и бушењето на тунелот во Пресека, кој е дел од коридорот 8, во атмосферата се исфпралаат огромна количина на прашина пропратена со огромни честички, кои се дел од целата нечистотија што се исфрла во сливното подрачје на Охридското езеро.

Водената пареа која испарува од Охридското езеро, кога ќе дојде во контакт со прашината и честичките во атмосферата се кондензира односно претвора во дожд, град или снег.

Водената пареа претворена во дожд, снег или град се истура во вид на дождовни врнежи во целиот регион на сливното подрачје на Охридското езеро, со огромна водена маса се задоволуваат коритата на реките од целото сливно подрачје, како и целосно се натопува површината од целото сливно подрачје со огромна количина на вода.

Водата од дождовите кои паѓаат во сливното подрачје длабоко понира во внатрешноста на земјата.

Распоредот на водата на земјината планета е следниот:

-во атмосферата има 14 000 км3 вода во вид на водена пареа
-подземната вода изнесува 2 000 000 км3 вода

Подземната вода може да биде активна и пасивна.

Активната вода истекува од внатрешноста на земјата во вид на извори и реки.

Пасивната вода е неактивна и стационирана во внатрешноста на земјата во вид на големи акумулации, односно подземни големи вакуоли, подземни езера исполнети со милиони метри кубни вода.

Водата која паѓа од атмосферата во вид на дождови, длабоко постепено понира во внатрешноста на земјата, доаѓа во контакт со пасивната и неактивна вода во внатрешноста на земјата. Оваа вода ја активира подземната неактивна вода за да направи големи процепи со можности неактивната вода да се излие од внатрешноста на земјата и преку активните извори и реки да направи огромни поплави или се влива во големите природни езера или мориња.

После изливањето на подземната вода од подземните неактивни вакуоли, односно неактивните акумулации, и во внатрешноста на земјата останува голема празнина без водена маса и после доаѓа до спуштање на земјата од овие огромни празнини, кои се остаток на изливањето на неактивната вода. Ова спуштање е пропратено со огромни потреси од локален карактер во едно сливно подрачје од 10-80 км површина.

Спуштањето на земјиштето може да биде подолг временски период и да се осеќаат почесто потреси во сливното подрачје како што деновиве бевме сведоци.

Планината Галичица е варовита планина, каменлива и процесот на истекување на водата од неактивните подземни акумулации без никакви проблеми се одвиваше подолг временски период од еден до два месеци, и после бевме сведоци на серија од повеќе земјотреси кои беа со епицентар на самата планина Галичица.

Доколку сакаме подземните води од планината Галичица да се постабилни во поглед на нивното истекување, неминовно е планината Галичица да се пошуми до нејзината највисока квота, шумата од планината Галичица да не се посекува, и планината Галичица да не се оптеретува со скијачки центри и други прпопратни центри. Ова го предлагам од причина што понирањето на водата на Галичица со дождовите и топењето на снегот биде постепено, односно поспоро за да не се створат празнини поголеми внатрешни вакуоли, од неколку километри и во иднина да не се соочуваме со поголеми земјотреси на градот Охрид и целото сливно подрачје на Охридското езеро.

Со почит,
Наумоски Лазо, дипломиран инженер агроном, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид.

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.