Кичевчанец крадел во шнајдерска работилница

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против О.Џ. (41) од Кичево.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 18-ти минатиот месец во 03 часот и 50 минути во шнајдерска работилница во Кичево. Тој, со намера да одземе туѓи подвижни предмети и противправно да ги присвои, со подесен предмет насилно ја отворил влезната врата од шнајдерската работилница лоцирана на улицата ,,29 Ноември” во Кичево. Веднаш почнал да пребарува низ работилницата во што бил забележан од граѓани а по кратко време и приведен од полициските службеници.