Рекстрикции на водата за пиење во дел од Дебрца

ЈКП „Дебрца“ с.Белчишта испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Поради настанатата состојба со недостиг на вода за пиење во регионалната водоводна мрежа со пумпна станица во “Св. Еразмо”, која се користи за снабдување со вода за пиење во селата Оровник, Горенци и Подмоље, ЈКП „ДЕБРЦА”, с. Белчишта, заради ублажување на последиците, односно снабдување со вода во текот на денот на сите корисници воведува рестрикции и тоа:

– На ден 08.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

– На ден 09.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

– На ден 10.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

– На ден 11.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

– На ден 12.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

– На ден 13.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

– На ден 14.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

– На ден 15.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

Воедно, Ве информираме дека, за месец Јуни 2017 година, од пумната станица во “Св. Еразмо”, за снабдувување со вода во овие три села потрошени се вкупно 8601 м3 вода, каде споредено за истиот период минатата година, каде што се потрошени 6595 м3 вода, претставува зголемена потрошувачка на вода за повеќе од 30%.

Поради горенаведеното, Ве информираме дека заради нерационалното користење на водата за пиење ЈКП „ДЕБРЦА”, с. Белчишта, приморана е да ја применува Одлуката од Советот на Општина Дебрца, каде што просечната потрошувачка на водата за пиење се определува во количина од 7 м3 по член на семејно домаќинство месечно. Цената за секој кубен метар потрошена вода за пиење над просечната потрошувачка, се зголемува два пати.

Ваквата состојба ќе трае се до подобрувањето на водоснабдувањето со вода за пиење.“- велат од ЈКП Дебрца.