Со манифестацијата „Бело лето“ означен почетокот на главната туристичка сезона

Почетокот на годинашнава главна туристичка сезона, беше означен со манифестацијата „Бело лето“, која ја организира Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој.

На годинешното „Бело лето“ настапија светски познатиот џез гитарист и композитор Владимир Василески-Четкар со неговиот секстет, со концерт на плажата Лабино и познатиот театар „Славија“ од Белград, Република Србија, кој во предворјето на црквата Света Софија ја одигра претставата „Коштана“.