Кривична пријава за охриѓанец кој нападнал портир во болницата „Св.Еразмо“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.З.(24) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти мај оваа година во 14 часот и 45 минути во Специјална болница ,,Свети Еразмо” во Охрид. Тој, на висок тон упатил вербални навреди кон С.А. вработен портир во болницата, кој во моментот бил на своето работно место и ги извршувал работните задачи. Во еден момент од вербалните напади, сега пријавениот Б.З. физички го нападнал портирот, со двете раце го фатил за вратот и силно го притискал, а потоа му задал повеќе удари со тупаници во пределот на градниот кош нанесувајки му повеќе телесни повреди.

По извршениот физички напад, Б.З. веднаш заминал од местото на настанот.