Обраќање на градоначалникот Трајкоски по повод најавената изградба на депонија во Општина Дебрца

Обраќање на градоначалникот Трајкоски по повод најавената изградба на депонија во Општина Дебрца

„Како поранешен Државен инспектор за животна средина и сегашен Градоначалник на Општина Дебрца во контекст на најавата за изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца децидно сум против овој проект, но исто така и жителите на Општина Дебрца се против реализацијата на овој проект од следните причини:

– Општина Дебрца е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро кое е под заштита на УНЕСКО и споменик на природата согласно закон

– Општина Дебрца претставува еколошки чиста средина без тешка индустрија и од овие причини недозволиво е изградба на регионална депонија, односно изградба на најголема фабрика за загадување на општината

– Општина Дебрца е најмал создавач на отпад и недозволиво е ниту од економски, ниту од еколошки аспект да биде место за изградба на централна депонија

– Согласно позитивните законски регулативи, досега од страна на Општина Дебрца и од мене како Градоначалник немаме дадено било какво позитивно мислење, ниту пак Советот на Општина Дебрца има донесено одлука за изградба на ваква депонија, за што согласно Законот за управување со отпад за основање на регионална депонија носи одлука советот на општината

Јас како Градоначалник согласно моите ингеренции ќе направам се што е во моја надлежност, да не се изгради оваа депонија, а исто така поради очигледниот револт на населението кој беше искажан на Јавната расправа за студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградба на регионална депонија одржана на 18.07.2017 година, во ресторанот Еко Петрол во Мешеишта, спремно е да превземе порадикални мерки согласно законите во Република Македонија, како што се блокирање на патишта и протести.

На крајот ги повикувам надлежните во Министерството за животна средина и просторно планирање да го стопираат започнатиот проект за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца.“- истакна Трајкоски.