Работнички надвор од игра, Шкендија оди во следната фаза од Лигата на Европа

Работнички ја заврши овогодишната одисеја во натпреварувањата од квалификациите за Лигата на Европа. Работнички денес во гости во Белорусија претрпе пораз од 3:0. На првиот натпревар Работнички и Динамо Минск одиграа 1:1, па според тоа Динамо Минск оди понатаму со вкупен резултат од 4:1.

За разлика од Работнички, Шкендија имаше релативно полесен противник, тимот на ХЈК од Финска. По победата од 3:1 минатата недела, Шкендија денес успеа да одигра 1:1 во гости и со вкупен резултат 4:2 успеа да се пласира во следното коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Во следната трета (полуфинална) квалификациона рунда од Лигата на Европа, Шкендија ќе игра против Тракаи од Литванија.

WebOhrid