Четвртата генерација деца успешно ја заврши интернационалната едукативна Бреинобреин програма

Четвртата генерација на деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, успешно ја заврши интернационална едукативна Бреинобреин програма. Тие деновиве го положија последното десетто ниво и се стекнаа со меѓународно призната диплома. Како награда за својата посветеност и успех, предводени од тренерите тие уживаа во еднодневна екскурзија во прекрасната природа на Вевчани.

Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, како прв франшизен центар на Балканот, започна да се имплементира во 2010 година и неа за 6 години ја следеле повеќе од 300 ученици на возраст од 4-14 години. Оваа програма преку проверени и признати едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика го поттикнува мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст и ја развива нивната концентрација, визуелизација, меморија, креативност, самодоверба.

Центарот БОБ-Црвен крст Охрид со уписи на нови деца кои ќе ја следат Бреинобреин програмата ќе започне на 15 август 2017 година. Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на телефон 078 227 433.