Отворен последен повик до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Македонскиот народ/ македонските граѓани – носители и бранители на државниот суверенитет, веќе 27 години активно учествуваме во демократските процеси и градењето на слободна, суверена и независна Р.Македонија, давајќи го својот глас и доверба на политичките субјекти кои сметаме дека ги заштитуваат нашите/ интересите на македонскиот народ/македонските граѓански, национални и државни интереси, како што е тоа случај со секоја држава во светот.

Во 2001 година, ја поведовме Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење и создавање, пред војната што ни се случи; за време на војната, кога во окупираниот Лешок ги поставивме прашањата: Каде оди човештвото!? Каде оди Македонија!?, а и за време на предизборните кампањи на политичите партии во 2002 година, кога од плоштадот, излеговме со граѓанската иницијатива за Коалиционо единство со граѓаните, со референдумските прашања: 1. Дали сте за здраво, достоинствено и возвишено живеење и создавање?, 2. Дали стапувате во коалиционо единство со граѓаните – Единствениот пат, на сите субјекти, внатрешни и надворешни, во борбата против тероризмот и сите зла против човештвото?

Во тие бурни времиња, на плоштадот Македонија, кога се редеа митинзите на политичките партии, граѓаните доаѓаа и ја потпишуваа граѓанската иницијатива, а не програмата на политичките партии. А беше потпишана и од триесетина тогашни политички партии, како Македонска алијанса, Народно движење за Македонија, Народна Волја, Лига за демократија, Нова демократија . . . Како автентична граѓанска иницијатива, која е навистина и само на линија на граѓанинот, и ги ослушнува потребите, барањата, криковите на поединецот, граѓанинот и на граѓанските иницијативи. ЕДИНСТВЕНО, ДПМНЕ и СДСМ ГО ОДБИЈА/НЕ ГО ПРИФАТИЈА И НЕ ГО ПОТПИШАА КОАЛИЦИОНОТО ЕДИНСТВО СО ГРАЃАНИТЕ – Единствениот пат.

Сега, повторно, во 2017 г. , кога двете најголеми политички партии во Р. Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ упорно и тенденциозно се трудат кој повеќе ќе успее да ја замагли ,, Вистината за Македонија пред светската јавност,, СО НАМЕТНАТАТА НЕПРИНЦИПИЕЛНА ДИКТАТУРА и (непринципиелни антимакедонски) ПОЛИТИКИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАДВОРЕШНИОТ ПЛАН за разнебитување и рушење на македонската држава и македонскиот народ (особено во последните години).

Откако НЕЛЕГИТИМНАТА ВЛАДА, СОБРАНИЕТО И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РМ не ги прифатија ПРОТЕСТНИТЕ БАРАЊА на граѓаните/ македонските носители и бранители на државниот суверенитет (Отворено писмо до нив, од 10.07.2017 год.), а ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа протестните барања и не ни се придружи кон протестите,

ПОСЛЕДЕН ПАТ, јавно ГИ ПОВИКУВАМЕ (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ), во рок од 3 (три) денови:

1. ДА ГО ПРИФАТАТ И ПОТПИШАТ Коалиционото единство со македонскиот народ/ граѓаните, носители и бранители на македонските државни суверенитети, во заштита и одбрана од рушење на македонскиот народ и држава.

2. Во прилог на највисоките национални и државни интереси, на македонската држава и народ, ДА СЕ ОТКАЖАТ И ДА НЕ УЧЕСТВУВААТ ВО РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПОГУБНИОТ ГЕНОЦИДЕН ПЛАН.

Ете, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, СО ,,ЕДЕН ПОТЕЗ,, ЈА ИМААТ МОЖНОСТА ДА ЈА РЕШАТ ГОЛГОТАТА, АГОНИЈАТА И ГЕНОЦИДНИОТ ПЛАН ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ И ,,БРИШЕЊЕ”, НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА!!!

ДОКОЛКУ НЕ ГО ПРИФАТАТ И ПОТПИШАТ Коалиционото единство со сопствениот македонски народ / граѓани гласачи носители на државниот суверенитет, ќе ги сметаме за УЧЕСНИЦИ И РЕАЛИЗАТОРИ на ПЛАНОТ И НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА. За што ќе бидат соодветно осудени од македонскиот народ. И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ГИ ДОБИЈАТ НАШИТЕ ГЛАСОВИ И ДОВЕРБА.

ВО ТОЈ СЛУЧАЈ, ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА ЌЕ БИДАТ ЖИГОСАНИ КАКО ГРОБАРИ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД И ДРЖАВА!!!

O х р и д Единствениот пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет
Здружение на граѓани “Преродба”

Претседател Ана Бобинкова Мијаковска

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.