Премиерот Заев се срена со министерот за локална самоуправа Фазлиу

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оствари работна средба со министерот на локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Главна тема на средбата беше актуелниот момент во кој се наоѓа процесот на комплетирање на децентрализацијата и точките во тој процес кои во наредниот период треба да добијат нова динамика за да бидат финализирани.

Премиерот Заев и министерот Фазлиу ги разговараа и модалитетите за поинтензивна и продуктивна соработка на централната власт со единиците на локалната самоуправа, за да се остварат принципите на актуелната влада за покреативен трансфер на власта кон општините во полза на граѓаните.