Полска вечер на „Охридско лето“

Во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт ќе одржи Варшавскиот хармоникашки квинтет.

На програмата на вечершаниот концерт што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути се дела од Дворак и Пјацола.

Овој квинтет го сочинуваат виолинистките Марија Маховска-Залах- и Јустина Баран, Марек Чех на виола, виолончелистката Александра Охар- Справка, како и Клаудиуш Баран на хармоника и бандонеон.