Се чистеше Античкиот театар и во Велгошти

Се чистеше Античкиот театар после синоќешниот концерт, согласно договорот со продукциската куќа.

Отпадот беше уредно собран и подигнат со возило на ЈП „Охридски Комуналец”.

Друг дел од екипите, покрај тековните активности и зголемениот обем на работа, беа активирани на косење, чистење и уредување во с. Велгошти и улиците кои водат кај црквата Св. Петка, а во вечерните часови после завршување на турнирот ќе се изврши и миење на истите улици со специјално возило на претпријатието.