ЕКОЛОШКО-ЗАШТИТЕН СТРУЧЕН ИЗВЕШТАЈ
ВЛИЈАНИЕТО НА ШУМИТЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО НА БАЛКАНОТ
ПОВОД: Преголемите пожари со кои се соочува Р.Македонија и другите балкански држави
Површината на Р.Македонија изнесува околу 26 000 км2. 70% од нејзината површина е планински дел. Скоро 1 000 000 хектари од земјиштето е под шумски зелен појас. Според намената на шумите 90% од нив се за стопански потреби, односно дрвото се сече за преработка во дрвната индустрија и поголрм процент се користи за огрев на домовите од граѓаните како и институциите.
Само 10 % од шумите се третираат како заштитни шуми и како шуми од посебни намени.
ЗА ПОТСЕТУВАЊЕ: Во текот на една година со легална и нелегална сеча, за потребите на дрвната индустрија и огрев, се посекува и уништува дрвна маса од шумските зелени појаси околу 1 500 000 м3 дрва.
Познавајќи го големиот спектар на еколошко влијание на шумските појаси врз животната средина, на годишно ниво губиме:
1. 8055 хектари шумски зелен појас се уништува
Како последица од уништените шумски зелени појаси се губи:
-130 000 тони кислород неповратно се губи секоја година
Тоа е еднакво на 358 000 граѓани да им го скратиме правото да користат кислород за секојдневните нивни потреби.
-21 000 000 м3 вода неповратно се губи во Р.Македонија како последица од сечењето на шумските појаси
-тоа е еднакво на 4 дена да се стопира дотокот на вода во изворите кај Св.Наум во Охридското езеро
-тоа е еднакво 26 часови да се стопира истекот на Црн Дрим кај Струга
УЛОГАТА НА ШУМСКИТЕ ЗЕЛЕНИ ПОЈАСИ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1.Производство на атмосферски кислород за потребите на човекот и животинскиот свет
-Еден хектар шумски зелен појас на годишно ниво од атмосферата произведува 16 тони чист кислород
-Еден хектар на иглолисна шума произведува 30 тони кислород на годишно ниво
-Еден хектар шумски зелен појас на годишно ниво во атмосферата неутрализира CO2 (јаглероден диоксид) околу 22 тони, кое во интерес на заштитата на озонската обвивка и ублажување на климатсите промени
2.Шумскиот зелен појас во улога на прочистувач на атмосферскиот воздух
-механичко
-биолошко прочистување
Механичкото прочистување се состои во задржување и прочистување на воздушните честички од прав, саѓи ипепел.
Биолошкото прочистување се манифестира со фотосинтеза (хлорофилна асимилација на растенијата). Прифаќајки го растенијата испуштениот јаглероден диоксид од атмосферата, и производство на овошни шеќери за потребите на самите растенија.
Со прифаќањето на јаглеродниот диоксид од атмосферата (хлорофилна асимилација) се намалува количината на истиот во атмосферата, кое е во интерес во заштитата на озонската обвивка и ублажување на климатските промени.
3.Шумскиот зелен појас во улога на заштитник во опстојувањето на водените ресурси на Р.Македонија
-Што повеќе шумски зелени појаси со оформени и развиени дрва, огромни се можностите во Р.Македонија да имаме повеќе активни подземни и површински извори и реки, кое е во интерес за потребите на човекот, земјоделието, природните и вештачките езера заедно со нивната флора и фауна.
– Со пожарите во Р.Македонија и Балканот, дополнително се уништуваат шумските зелени појаси, а со тоа дополнителни се загрозува и деградира:
– животинската средина
– водените ресурси
– дополнително во големи количини во атмосферата се испушта CO2 и се загрозува и намалува озонската обвивка, а со тоа огромни се можностите да имаме поекстремни климатски промени со огромни еколошки последици, што не е добро за Р.Македонија и цел Балкан.
Со почит
Наумоски Лазо, дипломиран инжинер-агроном, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.