Средба на градоначалникот Бакрачески со претседателот на бугарското собрание Димитар Главчев

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претседателот на Народното собрание на Република Бугарија Димитар Главчев и амбасадорот во Република Македонија Иван Петков. На средбата заеднички беше оценето дека двете држави имаат одлични меѓусебни односи кои и натаму ќе се надградуваат.

Двајцата соговорници се согласија дека Охрид како најразвиен туристички центар во Република Македонија има посебно место во пријателските односи на двете држави и дека постојано расте бројот на бугарските туристи кои доаѓаат во Охрид. Покрај во областа на туризмот и културата, Бакрачески и Главчев се согласија дека има доволно простор и за развивање на бизнис релацииите и заедничко користење на средства од европските фондови.